Ставање во употреба

  • Користете само оригинални Boschлитиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричниот алат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.

Прекинувачот за менување на правецот на вртење (7) поставете го на средината, за да спречите несакано вклучување. Наполнетата батерија (4) вметнете ја во рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на рачката.

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е возможно.

Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (7) на лево до крај.

Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (7) на десно до крај.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.

LED светилката свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (8) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.