Промена на алат

GDR 18V-200 / GDX 18V-200:

Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред, алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за алат (1) и повторно олабавете ја чаурата за заклучување (2), за да го блокирате алатот за вметнување.

Битовите за одвртувачот кои се отпорни на удари (12) може да ги ставите со помош на универзален држач за битови со топчест затворач (11).

GDX 18V-200 / GDS 18V-200:

  • При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот за алат, може да се олабави за време на одвртувањето.

Поставете го алатот за вметнување (13) на четириаголниот прифат за алат (1).

Во зависност од системот, алатот за вметнување (13) ќе се постави на прифатот за алат со мали движења (1); ова нема влијание на функцијата/безбедноста.

Некои алати за вметнување (на пр. двојните битови) не може сигурно да се прицврстат во прифатот за алат.

Извлечете ја чаурата за заклучување (2) нанапред и извадете го алатот за вметнување.