Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во соодветен сад или во оригиналното пакување.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред. Нечист инфрацрвен сензор (24) може да влијае на точноста при мерењето.
При чистењето во мерниот алат не смее да навлезе течност.
Не се обидувајте да отстраните нечистотија со остри предмети од инфрацрвениот сензор (24), камерата (25), звучникот (19) или микрофонот (16). Не ги бришете инфрацрвениот сензор и камерата (опасност од гребнатини).
Доколку сакате повторно да го калибрирате Вашиот мерен уред, контактирајте овластена сервисна служба на Bosch.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот алат во оригиналното пакување.
На мерниот уред нема делови што може да се сервисираат од корисникот. Со отворање на поклопецот на куќиштето, мерниот уред може да се уништи.
Замена на копчестата батерија (види слика B)
Одвртете ја завртката (5) од држачот на копчестата батерија. Извлечете го држачот за копчеста батерија (3) со помошен уред (на пр. плоснат одвртувач) од мерниот уред. Заменете ја копчестата батерија. Повторно затегнете ја завртката (5) по вметнувањето во држачот на копчестата батерија.