Употреба со соодветна намена

Оваа термална камера е наменета за бесконтактно мерење на површински температури.

Прикажаната термална слика ја прикажува распределбата на температурата на видливото поле на термалната камера и со тоа овозможува температурните отстапувања да бидат прикажани во различни бои.

На тој начин, со прописна употреба, може да се пребаруваат температурни разлики одн. абнормалности на површини и објекти, за да се направат видливи компоненти и/или слаби точки, м.д.:

  • топлинска и обична изолација (на пр. наоѓање на топлински мостови),
  • активни цевки за греење и топла вода (на пр. подно греење) во подови и ѕидови,
  • прегреани електрични компоненти (на пр. осигурувачи или терминали),
  • дефектни или оштетени машински делови (на пр. прегревање поради неисправни топчести лежишта).

Мерниот уред не е погоден за мерење на температури на гасови.

Мерниот уред не смее да се користи за човечки медицински цели.

Информирајте се во однос на ветеринарна употреба на www.bosch-professional.com/thermal.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.