Документирање на мерни резултати
Веднаш по вклучувањето мерниот уред веднаш започнува со мерењето и континуирано продолжува сѐ до исклучување.
За да зачувате слика, насочете ја камерата на саканиот мерен објект и притиснете на копчето Зачувај (14). Сликата се зачувува во внатрешната меморија на мерниот уред. Алтернативно, притиснете на копчето Мерење (23) (пауза). Мерењето се замрзнува и се прикажува на екранот. Ова Ви овозможува внимателно разгледување на сликата и дополнително прилагодување (на пр. палета на бои). Ако не сакате да ја зачувате замрзнатата слика, ресетирајте го мерниот режим со копчето Мерење (23). Ако сакате да ја зачувате сликата во внатрешната меморија на мерниот уред, притиснете на копчето Зачувај (14).
За да ги утврдите околните услови или други дополнителни информации за зачуваната термална слика, може да снимите гласовна белешка. Таа се зачувува дополнително на термалната и визуелната слика и може подоцна да се пренесе.
Снимањето на гласовна белешка се препорачува за да се обезбеди подобра документација.
Снимањето на гласовна белешка се врши во галеријата. Постапете на следниот начин:
- Притиснете на левото функциско копче (17) за да се отвори галеријата.
- Притиснете го копчето Func (9). Снимањето започнува. Снимете ги сите релевантни информации.
- За да се заврши снимањето, повторно притиснете на копчето Func (9) или на десното функциско копче (10).
- За да го прекинете снимањето, притиснете на левото функциско копче (17). По снимањето можете да ја слушнете гласовната белешка.
- За да се преслуша снимањето, повторно притиснете го копчето Func (9). Снимањето се пушта.
- За да се паузира слушањето, притиснете на десното функциско копче (10). За повторно да ја пуштите паузираната снимка, повторно притиснете го десното функциско копче (10).
- За да се стопира слушањето, притиснете на левото функциско копче (17).
За да се сними нова гласовна белешка, избришете ја снимената белешка и стартувајте ново снимање.
При снимањето внимавајте на следново:
- Микрофонот (16) се наоѓа зад тастатурата покрај ознаката со микрофон. Зборувајте во правец на микрофонот.
- Снимањето може да трае максимум 30 s.
За повикување на зачувани термални слики постапете на следниот начин:
- Притиснете го левото функциско копче (17). Сега на екранот се појавува последната зачувана фотографија.
- За да менувате меѓу зачуваните термални слики, притиснете на копчињата со стрелка десно (11) или лево (15).
Дополнително со термалната слика може да се зачува и визуелна слика. За да го повикате ова, притиснете го копчето со стрелка надолу (13).
Со притискање на копчето со стрелка нагоре (8) сликаната термална слика се прикажува како целосна слика. Во прегледот на целосна слика по 3 s се затскрива приказот на лентата за наслов за да може да се разгледаат сите детали на термалната слика.
Со копчињата со стрелки нагоре (8) и надолу (13) можете да ги менувате прегледите.
За бришење на одделни или сите термални слики менувајте во приказот на галерија:
- Притиснете на десното функциско копче (10) под ознаката за корпа за отпадоци. Се отвора подмени. Тука може да изберете дали сакате да ја избришете само оваа слика, само нејзината гласовна белешка (доколку е снимена) или сите слики. Ако сакате да ја избришете само оваа слика или гласовната белешка, потврдете ја постапката со копчето Func (9).
- Ако сакате да ги избришете сите слики, притиснете на копчето Func (9) или на десното функциско копче (10), дополнително потврдете ја постапката со десното функциско копче (10) или прекинете ја постапката на бришење со притискање на левото функциско копче (17).
Фрагменти на податоци од сликите остануваат во меморијата и би можеле да се реконструираат. За конечно бришење изберете во главното мени <Уред> → <Фабрички пост.>.