Пренос на податоци
Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (6). Поврзете ја USB Type-C®-портата (7) на мерниот уред со USB Type-C®-кабел (26) со Вашиот компјутер.
Вклучете го сега мерниот уред со копчето за вклучување/исклучување (12).
Отворете го прелистувачот на датотеки на Вашиот компјутер и изберете го дискот GTC 600 C. Зачуваните датотеки може да се ископираат од внатрешната меморија на мерниот уред, да се поместат или избришат на Вашиот компјутер.
Штом ќе го завршите саканиот процес, стандардно разделете го дискот од компјутерот и потоа повторно исклучете го мерниот уред со копчето за вклучување/исклучување (12).
Внимание: секогаш прво исклучувајте го дискот од вашиот оперативен систем (извадете го дискот), во спротивно внатрешната меморија на мерниот уред може да биде оштетена.
Извадете го USB Type-C®-кабелот за време на мерењето и затворете го поклопецот (6).
Капакот на USB-интерфејсот секогаш треба да биде затворен за да не може да навлезе во прав или вода во куќиштето.
Напомена: поврзете го мерниот уред преку USB исклучиво со компјутер. Мерниот уред може да се оштети доколку го приклучите на други уреди.
Напомена: USB Type-C®-интерфејсот служи исклучиво за пренос на податоци. Со него не треба да се полнат батерии и акумулаторски батерии.
Зачуваните термални слики може потоа да ги обработите со соодветните апликации на Bosch. Информациите за апликациите и нивната компатибилност може да најдете на страницата на мерниот алат или на www.bosch-professional.com/thermal.
Мерниот уред е опремен со Wi‑Fi®-интерфејс кој овозможува безжично пренесување на зачуваните слики од мерниот уред на мобилен краен уред.
Специјални Bosch-апликации (Apps) стојат на располагање за користење. Тие може да се преземат во соодветните продавници во зависност од терминалот:
|
|
Bosch-апликациите Ви овозможуваат (покрај безжичното пренесување на вашите слики), проширен опсег на функции и ја поедноставуваат обработката и проследувањето на мерните податоци (на пр., по е-маил). Информации за потребните системски предуслови за Wi‑Fi®-врска ќе најдете на интернет страницата на Bosch www.bosch-professional.com/thermal.
За да се активира/деактивира Wi‑Fi®-врската на мерниот уред, повикајте го главното мени, навигирајте со копчињата за избор <WiFi> и активирајте/деактивирајте ја. Кај активирано Wi‑Fi® на екранот се појавува приказот (e). Проверете дали, Wi‑Fi®-интерфејсот е активиран на вашиот мобилен краен уред.
По стартот на Bosch-апликацијата може да се воспостави врска меѓу мобилниот краен уред и мерниот уред (при активирани Wi‑Fi®-модули). За тоа следете ги упатствата на апликацијата (App).

