Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Сопствено всисување со ќеса за прав (види слики CE)

Ставете ја и притиснете ја целосната ќеса за прав (7) на млазниците за издувување (11) додека не дојде на исто ниво со алатот.

За да ја испразните ќесата за прав (12) целосно извадете ја (7) од млазниците на издувување (11). Одвртете го адаптерот (13) од ќесата за прав (12) и  испразнете ја.

Напомена: За да обезбедите оптимално всисување на прав, навремено испразнете ја ќесата за прав (12).

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што ќесата за прав (7) ќе биде насочена надолу.

Надворешно всисување (види слика F)

Ставете црево за всисување (14) на млазниците за издувување (11).

Цревото за всисување (14) поврзете го со всисувач за прав. Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување ќе покажува надолу.