Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, 
 или 
, за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: наполнетоста на акумулаторската батерија се прикажува и на корисничкиот интерфејс (14) Прикази за состојба.
Тип на батерија GBA 18V...

LED светилки  | Капацитет  | 
|---|---|
Трајно светло 3× зелено  | 60−100 %  | 
Трајно светло 2× зелено  | 30−60 %  | 
Трајно светло 1× зелено  | 5−30 %  | 
Трепкаво светло 1× зелено  | 0−5 %  | 
Тип на батерија ProCORE18V...

LED светилки  | Капацитет  | 
|---|---|
Трајно светло 5× зелено  | 80−100 %  | 
Трајно светло 4× зелено  | 60−80 %  | 
Трајно светло 3× зелено  | 40−60 %  | 
Трајно светло 2× зелено  | 20−40 %  | 
Трајно светло 1× зелено  | 5−20 %  | 
Трепкаво светло 1× зелено  | 0−5 %  |