Процес на полнење
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.
- Проверете дали отворот за полнење (1) и контактите на батеријата се без груба нечистотија. Проверете дали батеријата е целосно ставена.
Полнењето започнува штом мрежниот приклучок на полначот се приклучи во приклучницата и батеријата се стави во отворот за полнење (1).
- Процесот на полнење е возможен, само доколку температурата на батеријата е во дозволениот опсег на температура на полнење:
- GBA 18V... : 0 °C ... 45 °C
- EXBA18V... : –10 °C ... 55 °C
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и се полни со оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на батеријата како и на избраниот режим на полнење.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полначот.