Безбедносни предупредувања за дијамантска дупчалка
- Користете ја(ги) дополнителната(ите) рачка(и). Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
- Правилно прицврстете го алатот пред употреба. Овој алат произведува висок вртежен момент, и доколку не е правилно прицврстен за време на работата може да изгубите контрола и да се повредите.
- Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
- Никогаш не користете поголема брзина од максималната означена брзина на бургијата. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
- Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
- Притиснете во директна линија со бургијата, и без прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви и да се скрши, или да изгубите контрола и да се повредите.
- Носете штитници за уши при дијамантско дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
-
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар.
- Кога бургијата е заглавена, престанете со притискање надолу и исклучете го алатот. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за заглавување на бургијата.
- При навлегување на дијамантската дупчалка во делот што се обработува, проверете дали бургијата слободно се врти пред да започнете со дупчење. Ако бургијата е заглавена, може да не започне со работа, може да го преоптовари алатот, и може дијамантската дупчалка да се извади од делот што се обработува.
- При дупчење низ ѕидови или тавани, заштитете ги луѓето околу работната површина. Бургијата може да навлезе низ дупката, и средината од делот што се обработува може да падне на другата страна.
- Носете чевли што не се лизгаат. На тој начин ќе избегнете повреди, коишто може да настанат при лизгање на мазни површини.
- Никогаш не го користете електричниот алат без испорачаниот заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
- Пред секој почеток на работата проверете го правилното функционирање на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD). Оштетениот заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD) нека се поправи или замени од сервисна служба на Bosch.
- Обрнете внимание дека ниту лицата во работниот простор, ниту електричниот алат не доаѓаат во допир со водата што излегува.
- Внимавајте цревата што спроведуваат вода и местата на спојување да бидат во беспрекорна состојба. Пред следната употреба, заменете ги оштетените или изабени делови. Излегувањето на вода од деловите на електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
- При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки.
- Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
- Приклучете го електричниот уред на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.