Приклучување на систем за ладење на вода/всисување на прав
Доколку крунестите бургии за мокро/суво дупчење не се ладат доволно за време на дупчењето, дијамантските сегменти може да се оштетат, или крунестата бургија може да се блокира во дупката. Затоа, при мокро дупчење овозможете доволно ладење на водата, а при суво дупчење функционално всисување на прав.
При зголемување на постоечката дупка, таа мора внимателно да се затвори, за да се овозможи беспрекорно ладење на крунестата бургија.
- Приклучените црева, запорните вентили или опрема не смеат да го попречуваат процесот на дупчење.
Приклучување на систем за ладење на вода
Поставете го адаптерот за приклучокот за вода (14) на канџестата спојка (10) и свртете го до крај во правец на стрелките на часовникот.
Затворете ја запорната славина за вода (12). Приклучете цевка за довод на вода на приклучниот елемент на славината (13). Приклучувањето на цевката за довод на вода е возможно од мобилен уред за вода под притисок (опрема) или од стационарен приклучок за вода.
Приклучување на всисувач за прав
Избегнувајте да работите без мерки за намалување на прашината. Соодветен уред за всисување прав ја намалува количината на прав што е опасна по здравјето. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Барања за всисувачот | ||
|---|---|---|
Препорачан номинален дијаметар на цревото | mm | 35 |
Потребен потпритисокA) | mbar | ≥ 230 |
Потребна количина на протокA) | l/s | ≥ 36 |
Препорачана ефикасност на филтерот | Класа на прашина MB) | |
- A)
Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат
- B)
Според IEC/EN 60335-2-69
Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.
Приклучок на всисувачот на електричниот алат:
- Поставете го адаптерот за всисување (15) на канџестата спојка (10) и свртете го до крај во правец на стрелките на часовникот.
- Поставете го цревото за всисување (17) на всисувачот на млазниците за всисување (16).