Прицврстување на сталакот за дупчалката

Напомена: Прицврстете го сталакот за дупчење без простор за маневрирање. На тој начин ќе спречите заглавување на крунестата бургија и кршење на сегментот.

Во зависност од видот и својствата на подлогата прицврстете го сталакот за дупчалка со типли или вакуум на планираното место за дупчење.

Нацртајте ја саканата средина на дупката на подлогата. Обележете ги надворешните димензии на крунестата бургија, со која сакате да дупчите, и центарот на средината на дупката.

Прицврстете го сталакот за дупчалка (со вметнат електричен алат) со типла или вакуум, така што монтираната крунеста бургија ќе биде усогласена со исцртаните димензии.

За да го фиксирате сталакот за дупчалка со типли, ќе ви треба стандарден сет за прицврстување за бетон или ѕидни конструкции.

Дупчете посебна дупка за монтирање на типлата на соодветно растојание од планираната дупка.

Растојание меѓу дупката за типлата – средина на планираната дупка

оптимално

210 mm

можно

200–300 mm

За дупката за типла важат следните димензии::

Дијаметар

Длабочина

Ѕид

20 mm

85 mm

Бетон

16 mm

50 mm

Ставете типла за бетон со раздвоен клин одн. ѕидна типла (30) во дупката за типла. Завртете го брзозатегнувачкото вретено (31) во типлата.

Ставете го сталакот за дупчалка и една подлошка и завртете ги со пеперутка-навртката (32) на комплетот за прицврстување. По израмнувањето, затегнете ја пеперутка-навртката.

За прицврстување на сталакот за дупчалка со вакуум, потребни Ви се обична вакуум пумпа и Bosch сет за вакуумирање (опрема).

Вакуум пумпата мора да ги исполнува следните услови:

Волуменски проток:

6 m3/h

Вакуум најмалку:

80 % (−800 mbar)

Вакуумската пумпа мора да има манометар што ја прикажува актуелната вредност на вакуум во секој момент од процесот на фиксирање.

За прицврстување со вакуум, подлогата мора да биде мазна и рамна. Поставување на малтер или ѕидни конструкции не е дозволено.

Откако ќе ја воспоставите вакуумската врска, поставете ги завртките за нивелирање (22) на подлогата, за да може сталакот за дупчење цврсто да се постави и малку да се отпушти прстенот за дихтување. Инаку сталакот за дупчалка нема добро да се прицврсти на прстенот за дихтување.

Прочитајте ги упатствата за користење пред да ги приклучите вакуум пумпата и Bosch сетот за вакуумирање.

  • Неопходно е да внимавате на безбедносните и работните напомени за вакуум пумпата и Bosch сетот за вакуумирање!

Завртете ги одн. одвртете ги завртките за нивелирање (22) поединечно, додека прецизно не се израмни либелата (3) на електричниот алат (при вертикална монтажа) одн. либелата (4) на електричниот алат (при хоризонтална монтажа).

Сега прицврстете го сталакот за дупчалка со типлата.