Ставање/менување на крунестата бургија

Ставање на крунестата бургија

За суво дупчење користете само бургии за суво дупчење и за влажно дупчење бургии за влажно дупчење.

Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија. Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или испрскајте го со средство за заштита од корозија.

Навртете 1 1/4"-UNC-крунеста бургија (8) на вретеното за дупчење (7).

Вадење на крунестата бургија

Олабавете ја крунестата бургија (8) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 41 mm). Притоа, со друг вилушкаст клуч (ширина на клучот 32 mm) држете го вториот раб на вретеното за дупчење (7) во спротивен правец.