Приклучување на систем за ладење на вода/всисување на прав

Доколку крунестите бургии за мокро/суво дупчење не се ладат доволно за време на дупчењето, дијамантските сегменти може да се оштетат, или крунестата бургија може да се блокира во дупката. Затоа, при мокро дупчење овозможете доволно ладење на водата, а при суво дупчење функционално всисување на прав.

При зголемување на постоечката дупка, таа мора внимателно да се затвори, за да се овозможи беспрекорно ладење на крунестата бургија.

Поставете го адаптерот за приклучокот за вода (12) на канџестата спојка (6) и свртете го до крај во правец на стрелките на часовникот.

Затворете ја запорната славина за вода (10). Приклучете цевка за довод на вода на приклучниот елемент на славината (11). Приклучувањето на цевката за довод на вода е возможно од мобилен уред за вода под притисок (опрема) или од стационарен приклучок за вода.

За да ја соберете водата што излегува од дупката при мокро дупчење, употребете прстен за собирање на вода и всисувач за мокро/суво всисување (двете ќе ги најдете како опрема).

Прстенот за собирање на вода види Опрема/резервни делови е предвиден за користење со сталак за дијамантска дупчалка GCR 180 и дијамантската дупчалка GDB 180 WE.

Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во заптивниот поклопец.

Вметнете ја затегнувачката пружина (33) до крај во процепот меѓу подната плоча (25) и столбот на дупчалката (20). Внимавајте свитканиот дел на затегнувачката пружина да покажува надолу.

Поставете го прстенот за собирање на вода и легнете ја затегнувачката пружина на потпорните точки на прстенот за собирање на вода. (Окцата на краевите на затегнувачката пружина служат за влечење на истата нагоре.)

Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со вакуумот на всисувачот за мокро/суво всисување.

Избегнувајте да работите без мерки за намалување на прашината. Соодветен уред за всисување прав ја намалува количината на прав што е опасна по здравјето. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Барања за всисувачот

Препорачан номинален дијаметар на цревото

mm

35

Потребен потпритисокA)

mbar
hPa

≥ 230
≥ 230

Потребна количина на протокA)

l/s
m³/h

≥ 36
≥ 129,6

Препорачана ефикасност на филтерот

Класа на прашина MB)

A)

Вредност на моќноста на приклучокот за всисување на електричниот алат

B)

Според IEC/EN 60335-2-69

Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ќе се намали моќноста на всисување и отстранете ја причината.

Приклучок на всисувачот на електричниот алат:

  • Поставете го адаптерот за всисување (13) на канџестата спојка (6) и свртете го до крај во правец на стрелките на часовникот.
  • Поставете го цревото за всисување (15) на всисувачот на млазниците за всисување (14).