Промена на аголот на дупчење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- По секое поместување на сталакот за дупчење, повторно затегнете ги сите завртки.
Олабавете ја долната завртка (24) на поместувањето на аголот на дупчење со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm) и извадете ја.
Олабавете ја горната завртка (21) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm).
Олабавете ја затегнувачката навртка (27) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 24 mm). Поставете го сталакот за дупчалка на саканиот агол за дупчење.
Повторно затегнете ја затегнувачката навртка (27) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 24 mm). Затегнете ја горната завртка (21) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm).
- Сталакот за дупчење може да го поставите дури откако ќе ги затегнете затегнувачката навртка (27) и завртката (21) за подесување на аголот.
По дупчењето, вратете го столбот на дупчалката (20) повторно во вертикална положба (агол на дупчење од 0°) постапувајќи по обратен редослед. За таа цел мора повторно да ја ставите долната завртка (24) и да ја затегнете со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm).