Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
- Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
Приказ за сервис
Откако ќе се искористат карбонските четки, електричниот алат сам се исклучува. Ова се прикажува околу 1 ден однапред со светнување или трепкање на приказот за сервис (8).
Електричниот алат мора да се испрати во сервисната служба за одржување.