Совети при работењето

Означување

На средишната ознака (10) од десната и од левата страна на ласерскиот приемник може да ја означите позицијата на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината на приемното поле (5).

При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде прецизно израмнет вертикално (при хоризонтален ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при вертикален ласерски зрак), инаку ознаките ќе се поместат во однос на ласерскиот зрак.

Прицврстување со магнет (види слика B)

Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може да го залепите ласерскиот приемник со помош на магнети (7) на челичните делови.