Главно мени

За да се отвори главното мени, прво притиснете на копчето Func (9) за повикување на мерните функции. Сега притиснете на десното функциско копче (10).

  • <Мерење>
    • <Степен на емисија> (d)
      За некои од најчестите материјали на располагање имате зачувани степени на емисија. За полесно пребарување, вредностите се групирани во каталогот за емисии. Во точката од менито <Материјал> прво изберете ја соодветната категорија и потоа соодветниот материјал. Соодветниот степен на емисија ќе биде прикажан во редот подолу. Доколку Ви е познат точниот степен на емисија на Вашиот мерен објект, истиот може да го подесите како бројна вредност во точката од менито <Степен на емисија>.
      Ако често ги мерите истите материјали, може да зачувате пет степени на емисија како омилени и да пристапите до нив преку горната лента (нумерирани од 1 до 5).
    • <Рефл. темп.> (c)
      Поставката на овие параметри може да го подобри мерниот резултат, особено кај материјали со низок степен на емисија (= висока рефлексија). Во некои ситуации (особено во внатрешни простории) рефлектираната температура одговара на околната температура. Доколку објекти со температури со силно отстапување во близина на силно рефлектирачки објекти може да влијаат врз мерењето, треба да ја прилагодите оваа вредност.
  • <Приказ>
    • <Средна точка> (l)
      Точката се прикажува централно на термалната слика и Ви ја прикажува измерената температурна вредност на ова место.
    • <Топла точка> (k): <ВКЛ.>/ <ИСКЛ.>
      Најжешката точка (= мерен пиксел) се означува со црвен означувач на термалната слика. Ова го олеснува пребарувањето на критични места (на пр. лабави контактни терминали во разводната кутија). За што е можно поточно мерење, фокусирајте го мерниот објект во центарот на екранот (186 × 140 px). На овој начин се прикажува соодветна температурна вредност на овој мерен објект.
    • <Ладна точка> (m): <ВКЛ.>/ <ИСКЛ.>
      Најладната точка (= мерен пиксел) се означува со син означувач на термалната слика. Ова го олеснува пребарувањето на критични места (на пр. места на прозорец кои не дихтуваат). За што е можно поточно мерење, фокусирајте го мерниот објект во центарот на екранот (186 × 140 px).
    • <Скала на бои> (h): <ВКЛ.>/ <ИСКЛ.>
    • <Просечна температура> (b): <ВКЛ.>/<ИСКЛ.>
      Просечната температура (b) се прикажува горе лево на термалната слика (просечна температура на сите измерени вредности на термалната слика). Ова може да Ви олесни да ја одредите рефлектирачката температура.
  • <Уред>
    • <Јазик>
      Во оваа точка од менито може да го изберете јазикот што ќе се користи на приказот.
    • <Време и дат.> (a)
      За промена на времето и датумот на мерниот уред, повикајте го подменито <Време и дат.>. Во ова подмени, покрај поставката за време и датум може да ги промените и нивните соодветни формати. За да излезете од подменито <Време> и <Датум>, притиснете или на десното функциско копче (10) за да ги зачувате поставките, или на левото (17) за да ги отфрлите промените.
    • <Време на исклуч.>
      Во оваа точка од менито може да изберете временски интервал по кој мерниот уред автоматски ќе се исклучи ако не се притисне ниту едно копче. Исто така може да го деактивирате автоматското исклучување доколку ја изберете поставката <Никог.>.
    • <WiFi поставки>
      Под оваа ставка од менито, можете да поставите различен Wi‑Fi® канал или да генерирате нова Wi‑Fi® лозинка.
    • <Висок квал.на звук>
      Во оваа точка од менито може да го прилагодите квалитетот на снимената аудио датотека со помош на гласовна белешка. Притоа, внимавајте на тоа дека за подобар аудио квалитет е потребно повеќе меморија.
    • <Информ.за уредот>
      Во оваа точка од менито можете да повикате информации за мерниот уред. Таму ќе го најдете серискиот број на мерниот уред и инсталираната софтвер верзија.
    • <Фабрички пост.>
      Во оваа точка од менито можете да го ресетирате мерниот уред на фабрички поставки и трајно да ги избришете сите податоци. Ова може да потрае неколку минути. Притиснете на копчето со стрелка десно (11) за <Повеќе>, за да дојдете до подменито. Потоа притиснете или на десното функциско копче (10), за да ги избришете сите податоци или на левото функциско копче (17), за да го прекинете процесот.

За да излезете од менито и да се вратите до стандардниот екран за приказ, може да го притиснете и копчето Мерење (23).