Дефект – причини и помош

Во случај на дефект, мерниот уред се ресетира и потоа може повторно да се користи. Во спротивно, прегледот подолу ќе Ви помогне при постојани пораки за грешки.

Грешка

Причина

Помош

Мерниот уред не може да се вклучи.

Батеријата е празна

Наполнете ја батеријата.

Акумулаторот е премногу топол одн. ладен

Оставете го акумулаторот да се темперира одн. заменете го.

Мерниот уред е премногу топол одн. ладен

Оставете го мерниот уред да се темперира.

Меморијата со слики е полна

По потреба, префрлете ги сликите на друг медиум за зачувување на податоци (на пр. компјутер). Потоа избришете ги сликите во внатрешната меморија.

Меморијата на слики е дефектна

Форматирајте ја внатрешната меморија, така што ќе ги избришете сите слики. Доколку проблемот и понатаму постои, однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch.

бавен пренос на податоци при Wi‑Fi®-врска

Променете го Wi‑Fi®-каналот (во главното мени под <Уред> → <WiFi поставки> → <Канал WiFi>).

Мерниот уред не може да се поврзе со компјутер.

Мерниот уред не е препознаен од компјутерот.

Проверете дали е ажурирана погонската единица на Вашиот компјутер. Можно е да е потребна нова верзија на оперативен систем на компјутерот.

USB-приклучокот или USB-кабелот се дефектни

Проверете дали мерниот уред може да се поврзе со друг компјутер. Доколку не може, однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch.

Копчестата батерија е празна

Сменете ја копчестата батерија види Замена на копчестата батерија (види слика B) и потврдете ја промената.

Мерниот уред е дефектен

Однесете го мерниот уред во овластена сервисна служба на Bosch.