Ставање во употреба
- Заштитете го ласерскиот приемник од влага и директно изложување на сончеви зраци.
- Не го изложувајте ласерскиот приемник на екстремни температури или осцилации во температурата. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го ласерскиот приемник најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на ласерскиот приемник може да се наруши.
Поставување ласерски приемник (види слика A)
Поставете го ласерскиот приемник на оддалеченост најмалку 5 m од линискиот ласер одн. од точкестиот и линискиот ласер. Проверете дали е активен режимот на приемник на линискиот ласер одн. на точкестиот и линискиот ласер. Изберете вид на режим кај кој се произведува или хоризонтален или вертикален ласерски зрак.
Напомена: Не избирајте истовремено вид на режим со хоризонтален или вертикален ласерски зрак (режим на вкрстени линии) затоа што може да настанат грешни прикази за висината на ласерскиот зрак.
Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што ласерскиот зрак ќе достигне до полето за прием (5). Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паѓа напречно на приемното поле (како што е прикажано на сликата).
Вклучување/исклучување
- При вклучување на ласерскиот приемник се слуша гласен сигнален тон. Затоа држете го ласерскиот приемник подалеку од ушите одн. други лица при вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети слухот.
За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го копчето за вклучување-исклучување (3). Сите прикази на екранот, како и сите LED-светилки кратко светнуваат и се слуша сигнален тон.
По вклучување на ласерскиот приемник, секогаш се поставени средна гласност и точност на прием „фино“.
За исклучување на ласерскиот приемник, одново притиснете на копчето за вклучување/исклучување (3). Сите LED-светилки и сите прикази на екранот светнуваат кратко пред исклучувањето и се слуша сигнален тон.
Доколку за околу 20 min, не се притисне на ласерскиот приемник и до приемното поле (5) 20 min не достигне ласерски зрак, тогаш ласерскиот приемник автоматски се исклучува заради заштита на батериите. Исклучувањето се прикажува преку кратко светнување на сите LED-светилки и сите прикази на екранот и се слуша сигнален тон.
Изберете ја поставката на приказот за средишна линија
Со копчето за поставување на точноста на прием (2) може да утврдите со која точност ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак на приемното поле како „средно:
- Точност на прием „фино“ (приказ (f) на екранот),
- Точност на прием „грубо“ (приказ (e) на екранот).
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле (5):
- со приказите за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (b), „Ласерски зрак над средишната линија“ (d) одн. средишна линија (c) на екранот (6) на предната страна на ласерскиот приемник,
- со LED-приказите за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (9), „Ласерски зрак над средишната линија“ (11) одн. средишна линија (15) на задната страна на ласерскиот приемник,
- опционално со сигнален тон види Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак.
Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку ласерскиот зрак ја преминува горната половина на приемното поле (5), тогаш на екранот светат приказите за правец „Ласерски зрак над средишната линија“ (d) и соодветната LED-светилка „Ласерски зрак над средишната линија“ (11).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со повисока фреквенција.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката нагоре.
Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку ласерскиот зрак ја преминува долната половина на приемното поле (5), тогаш на екранот светат приказите за правец „Ласерски зрак под средишната линија“ (b) и соодветната LED-светилка „Ласерски зрак под средишната линија“ (9).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со пониска фреквенција.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката надолу.
Ласерскиот приемник е на средина: Доколку ласерскиот зрак поминува низ приемното поле (5) на висина на средишната ознака (10), тогаш на екранот светат приказот за средишната ознака (c) и соодветната LED-светилка за средишната линија (15).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (5) се прикажува со сигнален тон.
Може да ја промените гласноста или да го исклучите сигналниот тон.
За менување одн. исклучување на сигналниот тон, притискајте на копчето Сигнален тон (4), додека на екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска гласност, приказот за сигнален тон (g) се појавува на екранот со една црта, при повисока гласност со 3 црти, а при исклучен сигнален тон се губи.
Независно од поставката за сигнален тон, при секое притискање на копчето на ласерскиот приемник се слуша краток тон со ниска гласност за потврда.
Задно осветлување
Задното осветлување на приказот се вклучува со полна јачина кога се вклучува ласерскиот приемник. Ако за 2 min не се препознае ниту еден ласерски зрак и не се притисне никакво копче на ласерскиот приемник, тогаш се намалува задното осветлување за 50 %.
Можете да го исклучите задното осветлување. Поради тоа држете ги притиснати копчето за поставување на точност на прием (2) и копчето за звучен сигнал (4) истовремено најмалку 2 s.